36 лица загинаа во фериботска несреќа на Филипините

На фериботот се наоѓаа 173 лица

329023
36 лица загинаа во фериботска несреќа на Филипините

Во несреќата на фериботот Ким Нирвана на Филипините, според првите претпоставки загинаа 36 лица.

Екипите за спасување соопштија дека досега биле спасени 118 лица.

На фериботот се наоѓаа 173 лица.

Фериботот патуваше за островите Камотес и по напуштањето на пристаништето Ормок, само на еден километар од копното беше погоден од големи бранови.


Тагови:

Слични вести