САД на ист став по прашањето на зоната на забранети летови

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби истакна дека во моментов нема потреба од формирање на зона на забранети летови во Сирија

327644
САД на ист став по прашањето на зоната на забранети летови

САД уште еднаш го повторија својот став дека во моментов нема потреба од формирање на зона на забранети летови во Сирија.

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби потсети дека позицијата на Турција по ова прашање веќе долго време е позната и рече дека не располагаат со информации за тоа дали Турција прави одредени воени планови насочени кон регионот за кој станува збор.

Велејќи дека меѓународната коалиција досега не покажува интерес за поддршка на евентуалната безбедносна зона во Сирија, Кирби додаде дека меѓутоа неговата земја е свесна за грижите на Турција по прашањето на нејзините граници.

„Никој не ги затвара своите очи пред тешкотиите и грижите со кои се соочува Турција“ рече Џон Кирби и потсети дека Турција ги отвори своите врати за прифаќање на илјадниците бегалци.


Тагови:

Слични вести