Расте бројот на жртви во авионската несреќа во Индонезија

Освен тоа што ниту еден од вкупно 122 лица кои се наоѓаа во срушениот авион не ја преживеаја несреќата, 19 лица загинаа и на местото каде што се урна авионот

327981
Расте бројот на жртви во авионската несреќа во Индонезија

Бројот на загинати при уривање на воен транспортен авион вчера во третиот по големина град на Индонезија Медан, се зголеми на 141 лице.

Освен тоа што ниту еден од вкупно 122 лица кои се наоѓаа во срушениот авион не ја преживеаја несреќата, 19 лица загинаа и на местото каде што се урна авионот.

Воениот транспортен авион во сопственост на Воздушните сили на Индонезија по експлозијата во моторот до која дојде неколку минути по полетувањето, се преобрази во огнена топка.

Во зградите и возилата кои што се наоѓаа на местото каде што се урна авионот беше причинета голема материјална штета.

Причина за уривањето на воениот транспортен авион од типот Ц-130 Херкулес произведен во 1964 година се претпоставува дека бил квар на моторот.

 

 


Тагови:

Слични вести