„Доколку не произлезе договор ќе ги напуштиме преговорите"

Обама на прес конференцијата со Дилма Русеф во Белата куќа се осврна на нуклеарните преговори со Иран

327534
„Доколку не произлезе договор ќе ги напуштиме преговорите"

Американскиот претседател Барак Обама рече дека неговата земја ќе ги напушти преговорите доколку не успее да се постигне соодветен договор со кој што ќе бидат затворени патиштата за стекнување на Иран со нуклеарно оружје.

Обама на одржаната прес конференција со претседателката на Бразил Дилма Русеф во Белата куќа, истакна дека цел на нуклеарните преговори е да се затворат патиштата за стекнување на Иран со нуклеарно оружје, како и да се формира поверлив механизам по ова прашање.

„Техеран треба да ги почитува условите поставени од страна на меѓународната заедница“ истакна американскиот претседател Барак Обама.
Иранскиот претседател Хасан Рухани пак, рече дека доколку Западот не ги исполни своите ветувања повторно ќе ги започнат нуклеарните активности.

Во период кога последниот датум на нуклеарните преговори е продолжен до 7-ми јули, за продолжување на преговорите пристигна позитивен сигнал и од Меѓународната агенција за атомска енергија.

Согласно извештајот на агенцијата што ќе биде објавен во наредните денови, залихите на ниско процентен збогатен ураниум на Иран се намалени.


Тагови:

Слични вести