Бројот на загинатите во Пакистан се зголеми на 1400 лица

Високите температури, прекинот на електричната струја и водата, основни причини за порастот на смртните случаи

325036
Бројот на загинатите во Пакистан се зголеми на 1400 лица

Бројот на загинатите поради високите температури во Пакистан се зголеми на 1400 лица.

Во провинцијата Синд на југот на земјата не можат да се спречат смртните случаи предизвикани од високите температури и топлотниот бран кои во последните 10 дена се многу влијателни.

Особено продолжувањето на високите температури во главниот град Карачи на провинцијата, како и долготрајните прекини на електричната струја и водата, се основните причини поради порастот на смртните случаи.

Кон крајот на јуни во Пакистан пред монсунските дождови беа доживеани високи температури, а како последица на тешкотиите во електричната енергија, дојде до пречки во снабдувањето со електрична струја во Карачи и околината до 12 часови. Карачи во летните месеци има многу влажна клима, а како последица на неможноста за доделување чиста вода за пиење поради електричните прекини, дојде до зголемување на смртните случаи.


Тагови:

Слични вести