САД ги осуди терористичките напади

САД ги осуди терористичките напади во Тунис, Франција и Кувајт

321852
САД ги осуди терористичките напади

САД ги осуди терористичките напади во Тунис, Франција и Кувајт.

Во соопштението објавено од страна на Белата куќа беше истакнато дека американскиот народ се моли за жртвите во гнасните напади и ги подржуваат блиските на жртвите.

Тероризмот нема место во ниту едно општество, беше истакнато во соопштението и беше потенцирано дека ќе продолжат заедничките активности со меѓународните партнери во борбата против тероризмот и радикализмот.

Министерот за внатрешна безбедност на САД Џех Џонсон рече дека се на страната на граѓаните на овие земји и дека жалат за жртвите во нападите.

Сите безбедносни единици се спремни за акција, рече Џонсон потенцираше дека ќе ги преземат сите потребни отворени и тајни мерки и санкции за заштита на американскиот народ.

Официјален Пентагон во врска со трите напади соопшти дека нема податоци за меѓусебната поврзаност меѓу трите напади, додека американскиот Стејт департмент соопшти дека нема податоци за координација на тактичко ниво меѓу нападите.


Тагови:

Слични вести