Ел Џубури продолжува со средбите во Вашингтон

САД на Ирак ќе му пружи дополнителна хуманитарна помош во износ од 9 милијарди долари

303111
Ел Џубури продолжува со средбите во Вашингтон

Претседателот на ирачкото собрание Селим ел Џубури продолжува со средбите во Вашингтон

Ел Џубури се состана со американскиот потпретседател Џо Бајден.

Потпретседателот Бајден во утринските часови претседателот на ирачкото собрание Ел Џубури најпрвин го прими во зградата на потпретседателот а веднаш потоа во Белата куќа.

Во соопштението беше истакнато дека на средбата одреден период присуствувал и претседателот Барак Обама.

Обама на состанокот упати пофални зборови на сметка на Ел Џубури за неговата лидерскаулога и заложбите за развојот и унапредувањето на демократијата, федерализмот и националното единство.

Од друга страна пак претседателот Обама и потпретседателот Бајден изразија поддршка на активностите за продолжување на трајното партнерство меѓу двете земји како и борбата против ИДИЛ.

Во соопштението беше истакнато дека САД на Ирак ќе му пружи дополнителна хуманитарна помош во износ од 9 милијарди долари.


Тагови:

Слични вести