Продолжуваат судирите во Либија

Силите на ИДИЛ ја презедоа контролата над градот Сирте

302349
Продолжуваат судирите во Либија

По соборувањето на режимот на Гадафи во Либија и натаму продолжуваат хаосот и насилствата во земјата.

Искористувајќи ја оваа ситуација, терористичката организација ИДИЛ продолжува да напредува.

Силите на ИДИЛ ја презедоа контролата над градот Сирте ги интензивираа судирите со силите на владата во Тобрук во околината на Бенгази.

По судирите, градот беше претворен во урнатини.

Голем број куќи се уништени, а исто така беа опожарени паркираните автомобилите на патиштата.

Нема официјално соопштение за бројот на загинатите во судирите.

Во воздушните операции во градот Дерне каде исто така продолжуваат судирите, беа убиени 20 терористи.


Тагови:

Слични вести