Исчезнат трупот на Тарик Азиз

Посмртните остатоци на Азиз се планираше со авион од Багдад да се пренесат во Аман

302052
Исчезнат трупот на Тарик Азиз

Исчезна трупот на Тарик Азиз, поранешниот ирачки министер за надворешни работи во периодот на Садам Хусејин.

Посмртните остатоци на Азиз се планираше со авион од Багдад да се пренесат во Аман, каде што ќе беа погребани.

Зејнеп Азиз, ќерката на Тарик Азиз рече дека посмртните остатоци на татко и беа киднапирани неколку минути пред авионот да полета.

Висок претставник на Јорданската авиокомпанија кој сакаше да остане анонимен рече дека во последниот лет од Багдад не беа пронајдени посмртните остатоци на Тарик Азиз.


Тагови:

Слични вести