Напад врз мировните сили на ОН во Египет

Огранокот Синај на ИДИЛ соопшти дека нападот го извршија во знак на одмазда

298911
Напад врз мировните сили на ОН во Египет

Наводниот огранок на терористичката организација ИДИЛ во Египет, Синај изврши ракетен напад еден воен аеродром кој го користат мировните сили на ОН.

Во нападот немаше загинати.

Огранокот Синај на ИДИЛ соопшти дека нападот го извршија во знак на одмазда на апсењето на една жена од страна на полицијата.

Мировните сили на ОН на полуостровот Синај се стационираа по потпишувањето на мировниот договор меѓу Египет и Израел во 1979 година.

Лани организацијата Енсари Бејтил Макдис која важи за една од највлијателните во регионот ја објави приврзаноста кон организацијата ИДИЛ и се прогласи за огранок Синај на ИДИЛ.

По минатомесечната смртна осуда на соборениот египетски претседател Мухамед Мурсим, организацијата се закани дека ќе изврши напади на зградите на правосудството.


Тагови:

Слични вести