Русија го критикуваше Самитот на Г7

Г7 и Г8 не се доволни за разгледување на глобалните проблеми

297869
Русија го критикуваше Самитот на Г7

Портпаролот на Кремљ Песков рече дека форматите Г7 и Г8 не се доволни за разгледување на глобалните проблеми.

Дмитриј Песков на прес конференцијата за странските медиуми направи осврт на самитот на Г7 што се одржа во неделата во германскиот град Крин.

На прашањето во врска со тоа дали рускиот лидер Путин беше поканет на самитот на Г7, Песков одговори дека по се изгледа дека состанувањето на 7 или 8 земји не е доволно за изнаоѓање решение на глобалните проблеми. Претседателот Путин се фокусира кон други попродуктивни формули кои ќе допринесат да се изедначат рамнотежите во глобалната економија и другите полиња.

Во декларацијата што беше објавена по самитот на Г7, беше подвлечено дека од Русија се очекува да ја оконча поддршката на сепаратистичките сили во Украина и целосно да се придржува кон Договорот во Минск.


Тагови:

Слични вести