Поранешниот генерален секретар на НАТО ќе да даде исказ

Ќе се бара легалната основа и причините за вовлекувањето на Данска во војните во Ирак и Авганистан

292967
Поранешниот генерален секретар на НАТО ќе да даде исказ

Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмсуен беше повикан да даде исказ во врска со вовлекувањето на Данска во војните во Ирак и Авганистан, во периодот додека беше премиер на земјата.

Комисијата за истражување на војните во Ирак и Авганистан која беше формирана од страна на данската влада на 7 ноември, донесе одлука во рамките на истрагата да се обрати до исказите на Расмусен, поранешниот министер за надворешни работи Пер Стиг Мулер и другите високи бирократи во тој период.

Од наведените лица ќе се бара легалната основа и причините за вовлекувањето на Данска во војните во Ирак и Авганистан.

Расмусен во периодот додека беше премиер на Данска, земјата ја вовлече во војните во Ирак и Авганистан. Одлуката за вовлекувањето на Данска во војната во Ирак подолг период беше тема на дискусии, а изговорот беше поседувањето хемиско оружје од страна на Садан Хусејин, кој податок се сметаше за причина за војна.


Тагови:

Слични вести