Распад на Владата во Судан

Претседателот Омар Ел Бешир упати повик за дијалог до запад

291874
Распад на Владата во Судан

Суданскиот претседател Омар ел Бешир по победата на изборите во април ја продолжи власта за уште пет години и вчера положи заклетва и почна со должноста.

Прва работа на претседателот беше распуштање на Владата и окончување на работата на 7 заменици.

Ибрахим Гандур, претседателот на владејачката партија Национален конгрес рече дека новата влада ќе се формира и ќе биде прогласена во рок од два дена.

Омар ел Бешир на претседателските избори во април кои беа бојкотирани од страна на опозицијата победи со освојување 94 насто од гласовите.

Бешир 25 години како владее со Судан и о вчерашниот говор на свеченото положување на заклетвата рече дека нема да прави разлики меѓу оние кои што гласаа за него и оние кои што не гласаа.

Ел Бешир упати повик за дијалог до запад и рече дека во случај да биде прифатен предлогот за мировни преговори, ќе се донесе одлука за прогласување генерална амнестија за приврзаниците на сепаратистичките групи.


Тагови:

Слични вести