Постепено се влошуваат животните услови на палестинскиот народ

Што поскоро треба да се преземат конкретни активности

292030
Постепено се влошуваат животните услови на палестинскиот народ

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун рече дека постепено се влошуваат животните услови на палестинскиот народ кој се наоѓа под ембарго и бомбардирање.

Бан Ки Мун во говорот на седницата по повод 65-та годишнина од формирањето на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA) што се одржа под покровителство на генералното заседание на ОН, се осврна на помошта што ја пружа Агенцијата за помош на Палестинците во Газа, Западниот Брег и другите подрачја.

Бан се осврна на животните тешкотии со кои се соочуваат Палестинците како и нападите врз цивилите и јавните установи што беа извршени минатото лето.

Во тој контекст Бан рече дека како последица на зголемувањето на разочарувањето, Газа се претвора во буре барут кое може да го запали фитилот на гневот.

Затоа што поскоро треба да се преземат конкретни активности.

Бан додаде дека слично на Палестинците во Газа и Палестинците во Западниот Брег се изложени на слични тешкотии и маки.

Животот на палестинските бегалци во Западниот Брег се ограничува како последица на окупацијата, сиромаштијата, лишувањето од правата и животот во преполни кампови.

Бан потенцираше на секојдневниот раст на бројот на Палестинските бегалци поради што упати повик за пружање поголема помош на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA).

Проблемот може да се реши единствено со политички дијалог, рече Бан и потенцираше дека во случај да не се изнајде политички консензус, меѓународната заедница треба да продолжи со доделувањето хуманитарна помош на Палестинците.

Палестинскиот народ заслужува да се стекне со правото на можности за заштита на достоинството и правата, подвлече Бан Ки Мун.


Тагови:

Слични вести