Ќе се зголеми размената на разузнавачките информации меѓу коалиц

Не се доволни воздушните напади и секој изминат ден расте бројот на странските борци кои се приклучуваат на ИДИЛ

292017
Ќе се зголеми размената на разузнавачките информации меѓу коалиц

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Мари Харф рече дека постигнале согласност со коалиционите земји во борбата против ИДИЛ за зголемување на нивото на размената на разузнавачките информации.

Исто така ги интензивиравме активностите за поддршка на Ирачкото раководство во борбата против организацијата, рече Харф потенцирајќи дека во тие рамки, минатиот месец на Ирак му беа испратени илјада антитенковски мини и проектили за спасување на провинцијата Анбар од терористите.

Ирачкиот премиер Хајдар ел Абади на вчерашниот еднодневен состанок во Парис во борбата против ИДИЛ на кој беа усвоени нови одлуки рече дека имаат големи очекувања од 25 коалициони земји во борбата против тероризмот.

Ел Абади го изнесе ставот дека не се доволни воздушните напади и дека секој изминат ден расте бројот на странските борци кои се приклучуваат на ИДИЛ.


Тагови:

Слични вести