Израел продолжува со апсењето на Палестинците

Израелските безбедносни сили во последно време ги зачестија упадите во Западниот Брег и Источен Ерусалим

291766
Израел продолжува со апсењето на Палестинците

Израелските безбедносни сили во Ерусалим приведоа 6 Палестинци меѓу кои 4 деца.

Според веста на израелското државно радио, безбедносните сили приведоа 4 деца под изговор дека фрлале камења на полицијата, а исто така приведоа и двајца млади под изговор дека држеле скриено оружје во автомобилот.

Израелските безбедносни сили во последно време ги зачестија упадите во Западниот Брег и Источен Ерусалим и под различни изговори приведуваат низа Палестинци.

Според податоците на Палестинското министерство за заробеници, моментално во израелските затвори се наоѓаат над 6 500 Палестинци.

Организациите за човекови права остро реагираат против Израел поради незаконското држење на голем број Палестинци во затворите.


Тагови:

Слични вести