Над 400 лица исчезнаа во бродска несреќа во Кина

На бродот се наоѓаа 400 туристи од 50 до 80 годишна возраст и 47 членови на екипажот

300559
Над 400 лица исчезнаа во бродска несреќа во Кина

Во бродската несреќа во реката Јангце на југоисточната страна на Кина во кој се наоѓаа 450 патници, исчезнаа над 400 лица.

Властите соопштија дека досега биле спасени 30 лица.

Активностите за пребарување и спасување продолжуваат отежнато поради силниот ветар и врнежи.

На бродот се наоѓаа 400 туристи од 50 до 80 годишна возраст и 47 членови на екипажот.

Бродот потонал како последица на силната бура поради што не можел да СОС испрати сигнал за помош.

Кинескиот премиер Ли Кегианг лично замина на местото на несреќата каде што самиот ќе раководи со активностите за пребарување и спасување.


Тагови:

Слични вести