Заврши гласањето на парламентарните избори во Етиопија

Неофицијалните податоци од изборите ќе се објават во петок, а официјалните на 22 јуни

288251
Заврши гласањето на парламентарните избори во Етиопија

Националниот изборен совет на Етиопија соопшти дека гласањето во 45 илјади изборни единици во земјата заврши без инциденти.

Учеството на граѓаните на изборите во земјата беше масовно и гласачите гласаа за 547 пратеници од 5 819 кандидати од 58 политички партии.

Неофицијалните податоци од изборите ќе се објават во петок, а официјалните на 22 јуни.

Во Етиопија живеат 90 милиони лица и според официјалните податоци во земјата се регистрирани 36 милиони 800 илјади гласачи.

Според резултатите од анкетите, партијата Револуционерен демократски фронт на народот на Етиопија која на власт се наоѓа од 1991 година важи за фаворит и на овие избори.


Тагови:

Слични вести