Германската армија ќе вработи муслимански свештеник

Германските медиуми овој потег на армијата го оценија како историски

286152
Германската армија ќе вработи муслимански свештеник

Германската армија ќе вработи муслимански свештеник-имам заради задоволување на потребите на муслиманите во составот на вооружените сили.

Германските медиуми овој потег на армијата го оценија како историски.

Министерството за одбрана на Германија соопшти дека се бара имам заради задоволување на верските обреди на припадниците и персоналот на армијата од муслиманска вероисповест.Секој петти војник или вработен во службите на германската армија е Муслиман или доселеник.

Армијата има проблеми во изборот на муслимански свештеник поради сектите и фракциите во Исламот.

Заради тоа во градот Кобленц беше формиран консултативен центар за војниците од различни вери и секти.

Инаку во 2011 година Советот на германските муслимани и Германскиот исламски совет имаше побарано армијата за ангажира или вработи муслимански свештеник-имам за Муслиманите .

 


Тагови:

Слични вести