Награда за претседателот на ЕП

Шулц рече дека за идните генерации Европа треба што повеќе да зајакне

275478
Награда за претседателот на ЕП

На претседателот на ЕП Мартин Шулц му беше доделена најпрестижната награда на Германија, Меѓународната награда Шарлман.

Награда на Шулц му беше доделена за неговиот придонес во зајакнувањето на ЕП и стекнувањето со демократски легитимитет.

Во говорот што го одржа на свеченото доделување на наградата во градот Ахен, Шулц рече дека за идните генерации Европа треба што повеќе да зајакне.

Мартин Шулц упати повик до Владите на земјите членки на ЕУ да се откажат од обвинувањето на Брисел.

Откажете се од обвинувањето на Брисел кога ќе бидете неуспешни во решавањето на одредени прашања и проблеми. Исто така не ги пишувајте само успесите на ваша сметка, бидејќи ваквиот став ги оддалечува и разоттуѓува народите и унијата, рече Шулц.


Тагови:

Слични вести