Расте кризата околу обидот за државен удар во Бурунди

Поранешниот началник на генералштабот на Бурунди ги затвори границите и аеродромот

274511
Расте кризата околу обидот за државен удар во Бурунди

Во рамките на турнејата во по земјите на Источно-африканската заедница со цел изнаоѓање решение на кризата, претседателот на Бурунди Пјер Нкурунзиза престојува во посета на Танзанија.

По пристигнувањето на информацијата за обидот за државен удар, претседателот Нкурунзиза се врати во земјата.

Поранешниот началник на генералштабот на Бурунди, Нијомбаре, со цел да го спречи враќањето на претседателот Нкурунзиза, ги затвори границите и аеродромот Бујумбура во земјата.

Од друга страна пак, Источно-африканската заедница со која претседателот Нкурунзузи размени мислења соопшти дека се против обидот за државен удар во Бурунди.
Источно-африканската заедница упати повик до сите партии во Бурунди да покажат респект кон демократските избори.


Тагови:

Слични вести