Железничка несреќа во Пенсилванија

Во несреќата загинаа 5, а над 50 лица се повредени

273096
Железничка несреќа во Пенсилванија

Во железничката несреќа во Филаделфија во американската провинција Пенсилванија, според првите претпоставки загинаа 5, а над 50 лица се повредени.

Во возот со 240 патници кој патуваше на релација од Вашингтон за Њујорк се наоѓаа и 5 возачи на локомотиви.

Со излегувањето на возот од шините, голем број патници беа приклештени меѓу вагоните кои се превртија.

Екипите за спасување и помош и спасување кои беа испратени на местото на железничката несреќа, повредените ги однесоа во најблиските болници.

Продолжуваат активностите за помош со поддршка на хеликоптери, а исто така се истражува и причината за несреќата.


Тагови:

Слични вести