Првиот ден на гласањето во Германија гласаа 4 800 гласачи

Во Германија живеат околу 1,4 милиони турски гласачи

268435
Првиот ден на гласањето во Германија гласаа 4 800 гласачи

Вчера заврши првиот ден на гласањето на турските граѓани во Европа за пратениците на 25-от период во Собранието на РТ кој маратон ќе трае до 31 мај.

Бројот на турските граѓани на првиот ден на гласањето во Германија изнесуваше 4 800.

Првиот ден беше одржано гласање во гласачките места во Берлин, Хамбург, Хановер, Дизелдорф, Есен, Минстер, Келн, Франкфурт, Мајнц, Карлсруе, Штутгарт, Минхен и Нирнберг.

Во Германија живеат околу 1,4 милиони турски гласачи.

Првиот ден на гласањето во Европа, гласаа и турските граѓани и граѓани кои живеат во Данска.

Турските граѓани кои гласаат за претстојните парламентарни избори, на двете гласачки кутии во турскиот конзулат во населбата Остербро во Копенхаген покажаа многу поголемо интересирање во споредба со гласањето на претседателски избори во изминатиот август.

Гласањето на турските граѓани во Европа ќе трае до 31 мај.


Тагови:

Слични вести