Откриени остатоците на бротчето кое потона

Во несреќата загинаа 800 имигранти

268086
Откриени остатоците на бротчето кое потона

Откриени остатоците на бродот кој на 18 април потона пред италијанското крајбрежје во Медитеранот и во која несреќа загинаа 800 имигранти.

По неколку неделното истражување, екипите на италијанските поморски сили на 135 км од либиското крајбрежје ги открија трагите на потонатиот брод.

Вадењето на бродот од длабочина од 370 метри технички е можно истакнаа екипите и го чекаат налогот на Јавното обвинителство на Сицилија кое го истражува случајот.

На 18-ти април, на оддалеченост од околу 200 км од италијанскиот остров Лампедуза, бротчето кое ги пренесуваше имигрантите и патуваше во либиските води се срета со еден товарен португалски брод.

Имигрантите на бродот кои бараа помош се собраа на едната страна на бротчето чија рамнотежа се поремети и почна да тоне.


Тагови:

Слични вести