Англија, победија конзервативците на чело со Камерон

Конзервативната партија на актуелниот премиер Дејвид Камерон излезе како победник од парламентарните избори што се одржаа вчера во Англија

266743
Англија, победија конзервативците на чело со Камерон

Од вкупно 650 изборни региони пребројувањето на гласовите е завршено во 568 и според изборните резултати Конзервативната партија обезбеди 269 пратеници.

Најголемиот конкурент на конзервативците Лабуристичката партија обезбеди 214 пратеници, Шкотската национална партија 55, Либерално демократската партија 8, Независната партија на Обединетото Кралство 1 и останатите партии 13 пратеници.

Кандидатите за пратеници од турско потекло од кои тројца од Турција и 1 од Турската Република Северен Кипар не влегоа во парламентот.

Борис Џонсон исто така од турско потекло ,пратеник од Конзервативната партија од Аксбриџ и градоначалник на Лондон ги доби потребните гласови за избор на пратеник во Долниот дом на британскиот парламент.

Во Англија за формирање на самостојна влада потребни се 326 пратеници од вкупно 650.

Во следните неколку часа се очекува прогласување на конечните изборни резултати.


Тагови:

Слични вести