Џозеф Данфорд нов началник на генералштабот на САД

Данфорд во периодот 2013-2014 година командуваше со силите на коалицијата во Авганистан

262930
Џозеф Данфорд нов началник на генералштабот на САД

Џозенф Данфорд го наследи доскорешниот началник на американскиот генералштаб генерал Мартин Демпси кој 4 години ја извршуваше таа функција откога го назначи претседателот Барак Обама.

Данфорд во периодот 2013-2014 година командуваше со силите на коалицијата во Авганистан.

59 годишниот Данфорд во 2003 година за време на окупацијата на Ирак командуваше со 5 пешадиски полк.

Во Ирак Данфорд го доби надимакот “воинот Џо“.

Од октомври 2014 година џозеф Данфорд беше командант на американската поморска пешадија.


Тагови:

Слични вести