Ирак повторно потресен со бомбашки напади

Цел на нападите во Дијала и Багдад беа цивилите, додека во Фалуџа беа безбедносните сили

259586
Ирак повторно потресен со бомбашки напади

Во самоубиствениот напад на една шиитска населба во Багдад загинаа 17, а над 30 лица беа повредени.

Во експлозијата на мината поставена покрај патот во Дијала загинаа 5 жени и две деца.

Во самоубиствениот напад со возило натоварено со експлозив во Фалуџа загинаа 12 приврзаници на безбедносните сили.

Пратеникот Махма Халил од језидско потекло рече дека поседуваат информации дека милитантите на ИДИЛ убиле 25 Језиди кои беа киднапирани во август.

Според ОН, бројот на загинатите во судирите со милитантите на ИДИЛ во изминатиот април изнесува 812 цивили.

Од друга страна пак, канадскиот премиер Стивен Харпер на средбата со ирачкиот колега Хајдар Абади рече дека во борбата против ИДИЛ на Ирак ќе му достават помош во износ од 139 милиони долари.

Канада до денес во борбата против ИДИЛ достави помош од 67 милиони долари.


Тагови:

Слични вести