Продолжуваат операциите против терористичката организација Боко

Ослободените заложници беа пронајдени во засолништето на Боко Харам во шумата Самбиса

258737
Продолжуваат операциите против терористичката организација Боко

Нигеријската армија соопшти дека ослободи 234 лица кои беа киднапирани од страна на терористичката организација Боко Харам. Повеќето од киднапираните беа жени и деца.

Ослободените заложници беа пронајдени во засолништето на Боко Харам во шумата Самбиса.

Лани на 14-ти април, милитантите на Боко Харам извршија напад на едно училиште во градот Чибок во провинцијата Борно на североисточната страна на земјата и киднапираа 276 ученички.

Лидерот на организацијата Ебубекир Шекау рече дека за возврат за пуштање на слобода на затворените милитанти на Боко Харам, ќе ги пиштат на слобода киднапираните девојчиња.

57 од ученичките успеаја да побегнат од рацете на милитантите.


Тагови:

Слични вести