Писмо за Турција до членовите на американскиот конгрес

Турција е значаен сојузник на САД и НАТО во борбата против ИДИЛ

256163
Писмо за Турција до членовите на американскиот конгрес

Копретседателите на пријателската група меѓу Американскиот конгрес и Турција, испратија писмо до членовите на Конгресот во врска со придонесот на Турција во борбата против ИДИЛ и значењето на турско-американските односи.

Писмото беше напишано од страна на Републиканските пратеници Вирџинија Фокс и Ед Вајтфилд и Демократските пратеници Стив Кохен и Гери Коноли, копретседатели на пријателската група.

Во писмото беше подвлечено на значењето и улогата што ја одигра Турција како земја сојузник на САД и НАТО во борбата против ИДИЛ.

Меѓудругото во писмото се истакнува дека Турција како земја која граничи со Сирија и Ирак, е змеја која директно се соочува со заканата од ИДИЛ.

Во писмото беше изнесена загриженоста од евентуални напади од страна на милитантите на ИДИЛ кои планираат да ги извршат. Во писмото се истакнува дека Турција презеде низа активности за обезбедување ан безбедноста на границата наспроти евентуалната закана од ИДИЛ и дека секој изминат ден расте бројот на лицата кои по илегален пат се обидуваат да ја преминат границата, а кои се фаќаат од страна на безбедносните сили.


Тагови:

Слични вести