43 загинати во бомбашки напади во Ирак

Цели на бомбашките напади биле главниот град Багдад и Ербил

240324
43 загинати во бомбашки напади во Ирак

Меѓу загинатите имало и двајца Турци.

Цели на бомбашките напади биле главниот град Багдад и Ербил каде возило натоварено со експлозив експлодирало пред зградата на Генералниот конзулат на САД. Во нападот загинале тројца од кои двајца Турци , а 10 биле ранети од кои 5 Турци.

Одговорноста за нападот ја презеде ИДИЛ.

Конзулатот соопшти дека немало загинати или повредени меѓу персоналот.

Во Багдад на пет места одекнале силни детонации. Пристигнуваат вести дека најмалку 40 лица загинале а над стотина биле ранети.

Се дознава дека цели на нападите биле сунитските бригади Сахја кои што се борат против ИДИЛ во шиитските квартови на Багдад.

И за овие напади одговорноста ја презеде ИДИЛ.

 


Тагови:

Слични вести