Судирите во Јемен продолжуваат со несмалена жестина

Бомбардирањето на позиции на Хусите од воздух продолжува и а најжестоки битки се воделе во Таиз

239347
Судирите во Јемен продолжуваат со несмалена жестина

Воената интервенција на Саудиска арабија и останатите членки над Јемен продолжува со несмалена жестина и напредува кон југоисточните предели на оваа земја. Сунитските групи под контрола го држат главниот град на провинцијата Хадрамут Мукала каде што се наоѓа регионалниот аеродром и едниот од најголемите петролејски капацитети во земјата.

Портпарол на саудиската авијација соопшти дека продолжува бомбардирањето на позиции на Хусите од воздух и дека најжестоки битки се воделе во Таиз.

Главните улици на Сана вчера одекнуваа од протестите на Хусите. Хусите извикуваа пароли и носеа плакати со осуда на Обединетите нации.

Во меѓувреме генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун апелира на итно престанување на судирите во Јемен. Генералниот секретар Мун за прв пат од започнувањето на воената операција во Јемен апелираше за престанок на судирите барајќи конфликтот да се реши со политички дијалог. Мун воедно ги повика Јеменците да одговорат позитивно на барањето за политички дијалог.


Тагови:

Слични вести