Ватикан се повлече чекор назад

Папата го употреби изразот геноцид алудирајќи на еден поранешен текст на својот претходник Папата Јован Павле 2.

237534
Ватикан се повлече чекор назад

Претставникот за печат на Ватикан Федерико Ломбарди соопшти дека зборовите на Папата Франциск изречени на мисата по повод Велигден а кои што се однесуваа на трагичните настани од 1915 година биле извадок од една порано објавена декларација. Тоа не значи дека Ватикан има друг став во однос на прашањето, додаде Ломбарди.

Ломбарди рече : Папата го употреби изразот геноцид алудирајќи на еден поранешен текст на својот претходник Папата Јован Павле 2. и потпишан од страна на Карекин. Тој воедно изрази желба да се воспостави дијалог меѓу Турција и Ерменија во врска со разрешување на проблемот. Ватикан смета дека предлогот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган за формирање мешовита комисија за обелоденување на трагичните настани од 1915 година е сосема прифатлив, додаде Лопмбарди.

Во меѓувреме амбасадорот на Турција во Рим Ајдин Сезер изјави за весникот ил Месаџеро дека изјавата на Папата ја разочара Турција. Папата , рече во продолжение амбасадорот Сезер за време на неговата посета на Турција минатиот ноември даде позитивни изјави во врска со ерменското прашање.


Тагови:

Слични вести