Катастрофа во Средоземното море 400 удавени

Околу 400 емигранти се удавиле во морето кога бродот кој што отпловил од Либија на пат кон Италија потонал

236153
Катастрофа во Средоземното море 400 удавени

Околу 400 емигранти се удавиле во морето кога бродот кој што отпловил од Либија на пат кон Италија потонал, соопшти синоќа организацијата „Спасете ги децата“ (Save the Children).

Истиот извор додава дека повеќето од емигрантите биле Африканци.

Бродовите на Италијанската крајбрежна стража која веднаш отпловила на местото на несреќата успеала да спаси 150 емигранти.

За само 4 дена италијанската крајбрежна стража успеала да спаси 8000 имигранти .Само во првите 3 месеци од годинава околу 900 имигранти кои сакале на ваков опасен начин од Африка да се префрлат во Италија се удавиле во Средоземното море.


Тагови:

Слични вести