Не престануваат реакциите на говорот на Папата

Генералниот секретар Бан ки Мун е свесен за чувствителноста околу дефинирањето на одредени трагични настани кои што се случиле во 20 век

235403
Не престануваат реакциите на говорот на Папата

Државниот секретар на Италија одговорен за односите со Европската унија Сандро Гоци реагираше со зборовите дека расветлувањето на случувањата во 1915 година е работа на науката.

Гоци рече дека една влада не би требало да го користи терминот геноцид. Тоа не е работа на владите туку на науката.

Реагираше и портпаролот на Генералниот секретар на ОН Бан ки Мун, Стефан Дујарик. Дујарик случувањата во `1915 година ги нарече трагичен настан и додаде дека Генералниот секретар Бан ки Мун е свесен за чувствителноста околу дефинирањето на одредени трагични настани кои што се случиле во 20 век.

Генералниот секретар е уверен во тоа дека ќе продолжи соработката во расветлувањето на трагичните настани што се случиле во 20 век со цел да се спречи слични настани да не се повторат во иднина додаде Дујарик.

 


Тагови:

Слични вести