МНР остро ги осуди терористичките напади во Северен Синај

Турција чувствува големо жалење за загинатите и повредените египетски браќа во нападите

225247
МНР остро ги осуди терористичките напади во Северен Синај

МНР остро ги осуди терористичките напади насочени против пунктовите во египетската провинција Северен Синај.

Во соопштението на МНР беше истакнато дека остро се осудуваат терористичките напади кои беа извршени на 2 април во египетската провинција Северен Синај.

Турција чувствува големо жалење за загинатите и повредените египетски браќа во нападите.

На загинатите им посакуваме покој на душата, на семејствата искрено сочувство, а на повредените што побргу да оздрават.

Во нападите на контролните пунктови во египетската провинција загинаа 27 лица меѓу кои војници и цивили, додека одговорноста за нападот ја презеде организацијата Синајска провинција која соопшти дека е приврзана кон ИДИЛ.


Тагови:

Слични вести