Воена интервенција во Јемен

Воената операција на здружените арапски сили поддржана од Египет, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахраин и Катар започна во 10 часот според турско време

281923
Воена интервенција во Јемен

Напредувањето на шиитската Хуси секта во Јемен ги покрена арапските земји на акција.

Саудиска Арабија со поддршката на 10 арапски земји започна воена интервенција за поддршка на јеменскиот претседател Хади кој што се наоѓа во Аден.

Во операцијата загинале 13 лица од кои неколку жени и деца.

Главниот град Сана беше бомбардиран од воздух, беше погодена воздушната база Дајлами каде беа уништени противракетни батерии и 4 воени авиона.

Освен главниот град Сана беа бомбардирани камповите на Хусите во југот на градот.

Воената операција на здружените арапски сили поддржана од Египет, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахраин и Катар започна во 10 часот според турско време.

Јеменскиот претседател Мансур ел Хади се обрати до арапските земји за помош и побара од нив воено да интервенираат.

САД кои директно не се вклучија во воената интервенција најавија дека ќе пружат логистичка и разузнавачка поддршка.

Белата Куќа соопшти дека ќе бидат следени заканите на Ел Каиде во Јемен и доколку се покаже потребно воено ќе се интервенира.

Министерството за надворешни работи на Турција ги предупреди турските граѓани без потреба да не патуваат за Јемен. Министерството воедно ги повика турските државјани во Јемен веднаш да ја напуштат земјата.

Во судир меѓу танкер за нафта и возило во градот Хадрамејт во Јемен загинале 20 а повредени биле 30 лица, јавуваат новинските агенции. Во силната експлозија потполно изгореле и десетина возила.


Тагови:

Слични вести