Пронајдена црната кутина на паднатиот авион

Несреќата е трагична ,рече министерот за внатрешни работи на Франција Бернард Казанов и додаде дека нема шанси да има преживеани

280347
Пронајдена црната кутина на паднатиот авион

Министерот за внатрешни работи на Франција Бернард Казенов соопшти дека била пронајдена една од црните кутии на паднатиот Ербас А320 на компанијата Џерман Вингс која е во составот на Луфтханза.
Министерот Казенов веднаш по веста за авионската несреќа отпатува на местото на несреќата.

Тој ги потврди информациите дека во паднатиот авион имало 144 патници и 6 члена на екипажот. Министерот Казанов додаде дека спасувачките екипи со 300 противпожарни возила пристигнале на местото на несреќата и дека кон нив се придружиле и еден спасувачки хеликоптер и еден воен авион.

Несреќата е трагична ,рече министерот Казанов и додаде дека нема шанси да има преживеани.
Претседателот на Франција Франсоа Оланд имаше соопштено дека меѓу загинатите патници на авионот имало голем број Турци, но министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека во несреќата загинал само еден турски државјанин.

Претставникот на компанијата Џерман Вингс соопшти дека во моментот кога авионот паднал временските услови биле нормални и дека се истражува причината за неговото паѓање. Тој додаде дека се уште не е познато дали повикот за помош бил испратен од пилотот или од контролорот на сообраќајот. Пилотот на паднатиот авион имал искуство од 6000 часа летање, авионот ден пред тоа ја поминал техничката контрола и дека поминал низ генерална контрола во летото 2013 година.

Експертите изјавуваат дека причина за падот на авионот би можело да биде механички дефект.


Тагови:

Слични вести