Боко Харам киднапира над 400 жени и деца во Нигерија
Очевидци изјавиле дека терористите првин насилно собрале околу 500 жени и деца, потоа убиле 50 од нив а останатите ги киднапирале
280450
Во Нигерија продолжува теророт на Боко Харам.
Терористичката организација Боко Харам која врши вистинско крвопролевање во Нигерија киднапира над 400 жени и деца во Дамасак.
Дамасак кој доскоро беше во рацете на Боко Харам пред извесно време беше заземен со заедничка воена акција на воените единици на Нигер и Чад.
Очевидци изјавиле дека терористите првин насилно собрале околу 500 жени и деца, потоа убиле 50 од нив а останатите ги киднапирале.
Боко Харам во декември имаше киднапирано над 200 жени и деца во Нигерија.
Слични вести

Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот
Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 88.723.000