Франција сцена на најлошата авионска несреќа во историјата

Падот на авионот траел околу 8 минути

279906
Франција сцена на најлошата авионска несреќа во историјата

Еден патнички авион на Germanwings на германската авиокомпанија Луфтханза се урна на југот на Франција.

Нема преживеани од 150-те патници меѓу кои имаше две бебиња и 16 гимназијалци.

Меѓу патниците имаше и турски патници.

Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека на местото на несреќата слетал еден хеликоптер и дека нема преживеани во несреќата.

Портпаролот на компанијата Germanwings рече дека продолжува истрагата за утврдување на причината за несреќата и потенцираше дека авионот исчезнал од радарот околу 10.40 часот според локално време и на височина од шест илјади фити.

Според соопштението, падот на авионот траел околу 8 минути.

Согласно одредбите на Шенгенскиот договор, патниците не биле прашани за пасошите поради што не можат да се дадат точни информации за државјанството на патниците кои патувале.

Портпаролот рече дека вложуваат големи напори за што поскоро утврдување на листата на патниците и откако ќе ги известат семејствата, официјално ќе ја објават листата.

Францускиот претседател Франсоа Холанд несреќата ја оцени за вистинска трагедија и рече дека меѓу патниците имаше Германци, Шпанци и Турци.

Холанд додаде дека местото на несреќата е многу тешко за пристап на екипите за спасување и пребарување.

Остатоците на урнатиот авион се простираат на површина од 2 км.

Активностите за пристап до местото на несреќата напредуваат тешко поради глечерите во подрачјето.

Еден очевидец кој има туристички објект во близината на местото на несреќата на околу 10 км оддалеченост рече дека не го видел авионот, но дека слушнал две силни експлозии од кои една траела 8 а втората 30 секунди.

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека за утврдување на причините за несреќата активно ќе соработуваат со Франција и Шпанија.

Меркел во кратката изјава за печатот рече дека утре планира да го псоети местото на несреќата.


Тагови:

Слични вести