Социјалистите победија на изборите во Андалузија

Социјалистичката работничка партија освои 35 насто од гласовите и 47 пратенички места во локалното собрание

Социјалистите победија на изборите во Андалузија

Во шпанската АП Андалузија се одржаа избори

Владејачката десничарска Народна партија доживеа најголем пораз на последните локални избори во последните 25 години во автономната покраина Андалузија.

Победник на изборите во Андалузија на кои гласаа 65 насто од вкупно 6.5 милиони гласачи беше Социјалистичката работничка партија.

Според неофицијални резултати, Социјалистичката работничка партија освои 35 насто од гласовите и 47 пратенички места во локалното собрание од 109 пратеници.

Веднаш по Социјалистичката работничка партија со 27 насто гласови и 33 пратеници се најде Народната партија.

Социјалистичката партија не освои доволен број гласови за формирање самостојна влада.

Двете нови партии кои се појавија по кризата во 2008 година во Шпанија и станаа нова надеж на граѓаните, на изборите во Андалузија постигнаа големо изненадување.

Партијата „Подемос“ формирана од страна на младите академици освои 15 пратенички места.

Партијата „Сиудаданос (Граѓани)“ на првите избори на национално ниво освои 9 пратенички места.

Според претпоставките, Социјалистите се очекува да формираат коалициона Влада со партијата Сиудаданос.


Тагови:

Слични вести