Воена вежба на НАТО во Црното Море

Бродовите на постојаната група СНМГ-2 во Црното Море беа стационирани од 4 март наваму

Воена вежба на НАТО во Црното Море

Заврши поморската воена вежба на НАТО во Црното Море.

Постојаната поморска група СНМГ-2 на НАТО беше стационирана во Црното Море со цел да се покаже решителноста за колективна одбрана на алијансата.

Бродовите на постојаната група СНМГ-2 во Црното Море беа стационирани од 4 март наваму и одржаа три различни вежби за обезбедување на функционалноста при евентуална повеќекратна закана.

Поморската група оствари различни воено одбранбени воздушни, поморски и подводни вежби со бродовите на турската, бугарската и романската флота.

Во поморската група предводена од американскиот контраадмирал Бред Вилијамсон учествуваше и турската фрегата ТЏГ Тургут Реис.

Контраадмиралот Вилијамсон рече дека е многу задоволен од перформансот на поморската група СНМГ-2 и дека Алијансата ја докажа својата моќ.


Тагови:

Слични вести