Стандардите на дигиталната ера и критериумот Ататурк на Фејсбук

Во Турција е забрането да се навредува Ататурк, така што ќе го избришеме секој текст на Фејсбук кој што ќе содржи навредливи зборови за Ататурк

267909
Стандардите на дигиталната ера и критериумот Ататурк на Фејсбук

Коосновачот и генерален директор на Фејсбук најголема социјална интернет мрежа со 1,4 милијарди корисници Марк Цукерберг изјави дека компанијата во иднина строго ќе води сметка за содржините на споделените текстови на мрежата според стандардите на дигиталната ера и критериумот Ататурк.

Во Турција е забрането да се навредува Ататурк, така што ќе го избришеме секој текст на Фејсбук кој што ќе содржи навредливи зборови за Ататурк, додаде Цукерберг. Според Цукерберг според стандардите на дигиталната Фејсбук ќе се однесува повнимателно во однос на културните и историски разлики на земјите.

Цукерберг рече: во моментот Фејсбук има потреба да ги запознае земјите корисници. Во секоја земја има граници во изразувањето. На пример во Турција е забрането да се навредува Ататурк, во Германија не може да се негира Холокаустот, или на пример во муслиманските земји пцуењето на верата е казниво со закон. Ќе ги избришеме сите текстови кои не одговараат на овие норми.

Фејсбук го објави минатогодишниот извештај со барања на владите за бришење на содржините.

Според извештајот Турција со избришани 3 624 содржини се наоѓа на второто место на списокот.

На првото место се наоѓа Индија со 5 832 содржини и Германија со 60.


Тагови:

Слични вести