Младиот Мурат прогласен за херој во Шведска

Мурат Ердал кој што живее во Стокхолм, главниот град на Шведска деновиве е вистински херој за кој зборува целата земја

257660
Младиот Мурат прогласен за херој во Шведска

Младиот Мурат спаси една 17 годишна Швеѓанка која сакала да се самоубие.

Шведската полиција преку интернет соопшти дека младата девојка која ја спасил Мурат од сигурна смрт веднаш била префрлена во болница. Девојката му изразила благодарност на Мурат заради храброста и добрината. Од вчера сите шведски весници на насловните страници пишуваат за храбриот гест на Мурат.

Мурат и рекол на полицијата дека додека чекал на железничката станица Флеминсберг во Стокхолм забележал млада 17 годишна девојка со крв на рацете, и се приближил и видел дека е во тешка психичка состојба. Тој ја фатил за рацете и се обидел да ја смири девојката и после извесно време поминато во разговор со неа таа се смирила и се откажала од помислата да се самоубие.

Мурат Ердал и се јавил на полицијата која веднаш пристигнала на местото на настанот и итно ја префрлила ранетата девојка во најблиската болница.

Инаку Мурат Ердал бил син на турско доселеничко семејство од околината на Коња во Турција. Тој после и изјавил на полицијата дека бил осетно погоден од психичката состојба на младата девојка која сакала да се самоубие поради тоа што растела во поделено семејство и без родителска љубов.

 


Тагови:

Слични вести