Повторната изградба на Газа

Принудени да бидеме поекспедитивни во повторната обнова на појасот Газа

250321
Повторната изградба на Газа

Продолжуваат активностите за повторната изградба на Газа чија инфраструктура беше срамнета со земја во израелските воздушни напади.

Заменик норвешкиот министер за надворешни работи Бард Глад Педерсен кој престојуваше во посета на Газа, на конференцијата за повторна изградба на Газа, ги повика земјите кои ветија помош да ги исполнат своите обврски.

Педерсен рече дека во рамките на посетата имав можност на лице место да ја увидам големината на бруталното уништување на Газа, поради што сме принудени да бидеме поекспедитивни во повторната обнова на појасот.

Покрај тоа што земјите учеснички на конференцијата за повторна обнова на Газа што се одржа во октомври во Египет, ветија помош од 5.4 милијарди долари, сеуште не е доставена ветената помош.

Во воената операција на Израел над Газа што ја започна на 7 јули 2014 и траеше 51 ден, загинаа над 2 илјади Плаестинци, а илјадници лица останаа без покрив над главата.

Од друга страна пак, израелското раководство поради забраната за бавење со земјоделски активности бидејќи влегоа во годината Себт, по период од 8 години првпат ќе увезе земјоделски производи од Појасот Газа.

Увезените производи идната недела ќе бидат изложени на израелските пазари за продажба.


Тагови:

Слични вести