Советодавен состанок на Сириската национална коалиција во Килис

Претставниците на коалицијата немаат срдечен приод кон предлогот на Де Местура

242597
Советодавен состанок на Сириската национална коалиција во Килис

Сириската национална коалиција на опозиционите и револуционерни сили одржа советодавен состанок во Килис.

На состанокот учествуваше и претставникот на ОН за Сирија, Стефан Де Местура чиј предлог за суспендирање на војната во Сирија беше разгледан на состанокот и беа разменети мислења за заедничкиот став во врска со прелогот.

Предлогот на Де Местура беше да се прогласи прекин на огнот во Алепо и веднаш да започнат преговорите.

Претставниците на коалицијата немаат срдечен приод кон предлогот на Де Местура.

По тричасовниот состанок, членовите на коалицијата истакнаа дека сириското прашање не е ограничено само со Алепо и постигнаа компромис за окончување на режимот на Асад во цела Сирија.


Тагови:

Слични вести