Русија потпиша договор за воена соработка со Јужeн Kипар
Согласно договорот, Јужно кипарскиот грчки дел своите пристаништа ќе ги отвори за руските воени бродови
237922

Рускиот претседател Владимир Путин во Москва го прими лидерот на Јужно кипарскиот грчки дел Никос Анастасиадис.
По тет-а тет средбата, двајцата лидери потпишаа 9 различни договори за соработка во сферите на инвестициите, образованието и воената соработка.
Путин рече дека Кипарско грчкиот делпристаништата ќе ги отвори за руските воени бродови во рамките на борбата против тероризмот и пиратите.
Договорот не претставува движење против никого, рече рускиот лидер Путин.
Русија меѓудругото повторно го реструктуира претходниот долг на Кипарско грчкиот дел од 2.5 милијарди евра кој го даде за постигнување економска стабилност.