Во воздушните напади на коалиционите сили убиени 8 500 милитанти

Во рамките на борбата против тероризмот, многу повеќе треба да им се помогне на ирачките безбедносни сили

228855
Во воздушните напади на коалиционите сили убиени 8 500 милитанти

Командантот на Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) генерал потполковникот Лојд Аустин се состана со ирачкиот министер за одбрана Халид ал Убејди.

Командантот Аустин рече дека во рамките на воздушните напади на коалиционите сили биле убиени 8 500 милитантина ИДИЛ во Ирак и Сирија.
Во рамките на борбата против тероризмот, многу повеќе треба да им се помогне на ирачките безбедносни сили особено од аспект на обуката и намирување на воените потреби, рече Аустин.
Во соопштението објавено од страна на ирачкиот парламент беше истакнато дека Аустин рекол дека ќе продолжи поддршката на коалиционите сили на Ирак во борбата против тероризмот и дека безбедносната состојба во земјата е многу подобра во споредба со минатото.
Претседателот на ирачкото собрание Селим Џубури на средбата со Аустин му го пренесе значењето на обезбедувањето на безбедноста на ослободените зони во Енбар, Селахадин и Мосул, како и намирување на потребите на граѓаните.
Во меѓувреме, во експлозија на експлозив поставен покрај патот во индустриската населба во Багдад загинаа 4, а 10 лица беа повредени.


Тагови:

Слични вести