Примирјето во Украина повторно под закана

Проруски ориентираните сепаратисти во нападите на 112 контролни пунктови во неделата, убија 5 украински војници

220790
Примирјето во Украина повторно под закана

Украинската Влада соопшти дека проруски ориентираните сепаратисти во нападите на 112 контролни пунктови во неделата, убија 5 украински војници, а 25 војници беа повредени.

Вчера во Украина беа извршени 40 посебни напади на источните предели на земјата. Во врска со човечките загуби не беше објавено официјално соопштение.
САД соопшти дека чувствува голема загриженост по повод вооружените судири и покрај постигнатиот прекин на огнот.
САД упати повик до сепаратистите во источна Украина и раководството на Москва кое ги подржува за што поскоро суспендирање на нападите.
Како резултат на интензивирањето на судирите во Дебалчево и околината, страните сеуште не почнаа со повлекувањето на тешкото оружје како што беше предвидено со договорот за прекин на огнот постигнат во Минск.
Портпаролката на американскиот Стејт департмент Џен Псаки упати повик за реализирање заедничка соработка со Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) која ќе го контролира прекинот на огнот на проруски ориентиораните сепаратисти.
По стапувањето на сила на договорот за прекин на огнот, набљудувачите на ОБСЕ не можеа да започнат со должноста во Дебалчево.
Владата на Украуина соопшти дека во неделата, проруски ориентираните сепаратисти извршиле напади на 112 посени контролни пунктови. ВО нападите загинаа 5 украински војници, а 25 беа повредени.


Тагови:

Слични вести