Терористички напади во Данска

Во нападот на една кафетерија во Копенхаген загина едно лице, а 3 полицајци беа повредени

219047
Терористички напади во Данска

Во нападот на една кафетерија во Копенхаген која беше домаќин на една организација посветена на Исламот и слободата на изразување, загина едно лице, а 3 полицајци беа повредени.

Меѓу учесниците на панелот во кафетеријата се наоѓаше и шведскиот уметник Ларс Вилкс кој во 2007 година со сликање на фотографијата на божјиот пратеник Хазрети Мухамед предизвика големи дискусии.
Вилкс и францускиот амбасадор кој исто така учествуваше на манифестацијата беа оддалечени од местото на нападот без повреди.
Данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит рече дека станува збор за терористички напад и дека беше прогласена алармантна состојба на највисок степен.
Граѓаните на Копенхаген пред да го отфрлат шокот од експлозијата, овојпат по втор пат слушнаа истрели од оружје.
Во вооружениот напад што беше извршен врз најголемата синагога во земјата беа повредени двајца полицајци, а загина еден верски службеник на еврејската заедница во синагогата.
Веднаш по нападот безбедносните сили презедоа големи безбедносни мерки, додека наспроти евентуален нов напад врз синагогата, беше евакуирана железничката станица во близината на улицата каде што се наоѓаше синагогата.
Сторителите на двата напади побегнаа од местото на нападите. Сеуште ниту една организација не ја презеде одговорноста за нападите.
Во подоцнежните часови во Копенхаген уште еднаш се слушнаа звуци од истрели на огнено оружје.
Во огнот што беше отворен врз полицајците во една железничка станица, загина едно лице кое беше убиено од страна на полицијата.
Претставници на полицијата и јавното обвинителство на Копенхаген изјавија дека лицето кое беше убиено од страна на полицијата е истото лице кое ги изврши двата напади во градот и дека нема други напаѓачи.


Тагови:

Слични вести