Примирјето во Украина под закана на судири

И покрај постигнатиот прекин на огнот во Украина се уште се водат судири во кои загинале 28 лица

218713
Примирјето во Украина под закана на судири

И покрај постигнатиот прекин на огнот кој се очекува да стапи во сила утре (недела) на 15 февруари во Украина се уште се водат судири во кои загинале 28 лица.

Договорот за прекин на огнот се постигна во Минск а на преговарачката маса седеа Германија, Франција,Русија и Украина.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент Џен Псаки рече дека загрижуваат судирите во предвечерието на прекинот на огнот во Украина. Руската армија рече Псаки, испрати голем број топови, ракетни батерии и воздушно одбранбени системи во Дебостава со цел да се бомбардираат украинските цели.

Претседателот на Украина Петро Порошенко потврди дека во истокот на земјата се бомбардираат цивилите и додаде дека договорот за прекин на огнот е во опасност.


Тагови:

Слични вести